Преку пробивање на алгоритамот кој овозможува активирање на копијата од Windows XP, овозможено е активирање на овој оперативен систем исто како да е купен. Серверите од Microsoft се секако исклучени одамна, па активирањето се прави на самиот компјутер, односно „офлајн“.

Деталите за ова се објавени на tinyapps страната, каде може да се види и како да се активира овој веќе доста стар оперативен систем.

Причината поради која вакво нешто воопшто е направено и привлекува внимание е можноста за корисниците кои имаат потреба од Windows XP, истиот да го активираат и без проблем да го користат.

Потреба од Windows XP може да имаат корисници со стар софтвер прилагоден во времето на системот, а секако тука се и ентузијастите кои креираат системи со постари верзии поради истражување и слични потреби.

Windows XP официјално има околу 0,35% од пазарот, но се верува дека бројката е нешто поголема поради корисниците кои го имаат овој систем, но истиот не е поврзан на интернет.

Поддршката за XP заврши пред 9 години, односно во 2014, а најпопуларна верзија која излезе подоцна и која може да се спореди со XP e Windows 7, верзија која голем број корисници се’ уште одбиваат да ја променат.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Thurrot
Претходна статијаМинистерот Алиу и претседателот Пендаровски промовираа нови електронски услуги
Следна статијаWhatsApp работи на додавање на кориснички имиња за корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.