Најновата верзија од бета каналот на Windows 11 донесува неколку мали промени, меѓу кои и промена на функцијата на „Print Screen“ копчето на тастатурата. Ова копче е достапно со истата функција долго време, можеби и повеќе од 20 години, односно со неговото притискање се прави слика од екранот и истата се копира за да се искористи во било која апликација.

Не сме сигурни колку од корисниците го користат ова копче, посебно што истото бара да сепак се има некоја апликација каде што ќе се измени сликата, па зачува. Затоа промената во Windows 11 Build 22624.1546 според нас е доста корисна.

Притискањето на Print Screen копчето во оваа верзија ја отвора Snipping Tool апликацијата, која е одлична и овозможува основни функции за работа со сликите од екранот.

Најновата верзија од оваа апликација конечно вклучува и можност за снимање на екранот, нешто доста корисно за одредени ситуации.

За корисниците кои сепак не им се допаѓа промената на функцијата на копчето, истата може да биде вратена на старата, а тоа се прави преку Settings > Accessibility > Keyboard.

Дали оваа промена ќе стане дел од официјалните верзии од системот, изгледа ќе зависи од реакцијата на корисниците, но се надеваме дека сепак ќе стане, а Microsoft може да одлучи само дали ќе биде вклучена стандардно.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Windows Latest
Претходна статијаПет нови функции претставени за YouTube Premium корисниците
Следна статијаNetflix најави анимирана Stranger Things серија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.