Фото од The Verge

По „протекувањето“ на изворниот код од Windows XP, очекувано беше дека ќе почнат да излегуваат одредени информации откако кодот ќе биде разгледан и доколку сепак се најде нешто интересно.

Тоа што било пронајдено е тема за изгледот на корисничкиот интерфејс која била направена да изгледа слично како Mac OS во тоа време. Со оглед на популарноста и големата конкуренција помеѓу овие два оперативни системи во тоа време, не е чудо да од Microsoft имаат размислувано за нешто вакво.

Ова посебно е логично и кога ќе се земат во предвид информациите за „позајмувањето“ на функции од едниот или другиот оперативен систем, нешто за кое Apple водеше и цели кампањи пред да почне и со познатите кампањи за критика на Windows и неговите слабости.

Иако откриената тема се наведува дека доста наликува на Mac OS, сепак нема потврда од страна на Microsoft дали е тоа навистина така, односно дали тоа им била целта при нејзиното креирање.

На крајот, сепак Windows XP ја добива познатата сина тема, која за првпат во Windows можеше и да се промени, па корисниците имаа избор и од уште две бои, зелена и сива. Оваа верзија од Windows исто така почна да овозможува и промена на изгледот од страна на трети страни, па почнаа да се прават и посебни апликации за таа намена.

Во денешно време, Windows 10 изгледа одлично, но доколку се ископира некој дел од корисничкиот интерфејс на macOS, не би било лошо. Како и да е, од Microsoft работат на нивниот Fluent Design кој ќе направи Windows 10 да изгледа многу подобро, но уште чекаме на негова поголема имплементација, а последните промени во тоа под кого е развојот на Windows 10 дават надеж за побрзо завршување на работата.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статија„Раце што зборуваат“ – Прв веб речник на Македонски знаковен јазик
Следна статијаGoogle Maps ќе почне да го прикажува бројот на нови случаи со COVID-19
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.