Pornhub

Надградбата на повеќето корисници на најновата верзија од Android е нешто што е проблем на оваа платформа со години. Подобрувања има, но сепак Android е далеку од бројките кои успева да ги достигне Apple со iOS, но тоа може да се каже и дека не е баш споредливо со оглед на илјадниците различни уреди од различни производители кои работат на Android.

Како што истакнуваат од Android Police, кои редовно ги следат овие статистики, Google уште од мај оваа година немаат пуштено нови статистики, кои обично ги ажурираат секој месец. Поради тоа, информациите за тоа како стои Android со своите верзии не може баш точно да се дознае, па од порталот статистиките ги објавија од неочекуван извор.

Познатата порнографска веб страна Pornhub објавува секоја година статистики за својата содржина и посетители, меѓу кои и оперативните системи од каде пристапуваат нивните корисници. Со оглед на тоа што ова е една од најпознатите и најпосетувани веб страни во светот, поточно во топ 50, бројките може да се земат како доволно меродавни.

Тоа што треба да се истакне е само дека тие ги земаат во предвид корисниците од целиот свет, односно и тие од делови каде не се користат сервисите од Google.

Според статистиката од Pornhub, најновата верзија од Android, односно Android 10, ја користат само 2% од нивните посетители. Оваа верзија беше официјално пуштена во септември, кога беше пуштена и најновата верзија од iOS, односно iOS 13, која е инсталирана на 71% од корисниците, односно посетителите на PornHub.

Првото место кај Android го има претходната, деветта верзија од оперативниот систем, односно Android 9 Pie, со 48%, додека второто место со 23% го има осмата верзија, односно Android 8 Oreo.

Иако ова изгледа како да неуспехот на Google да ги „натера“ производителите да ги надградуваат своите уреди на најновата Android верзијата и понатаму останува, сепак кога ќе се види дека најголемиот процент од корисниците се на последните 2 верзии од Android, тоа е голем напредок за разлика од пред некоја година.  

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаНовиот Microsoft Edge ќе им биде инсталиран на корисниците преку Windows Update автоматски
Следна статијаНеофицијални слики од наредниот уред од Samsung со екран на превиткување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.