Ubuntu 13.10 верзијата беше официјално достапна за корисниците од 17-ти Октомври 2013 година. Оваа верзија е дел од верзиите со стандардна поддршка на оперативниот систем, што значи дека истата истекува после 9 месеци од официјалното претставување. За Ubuntu 13.10 тоа значи дека денеска е последниот ден од неговиот „живот“ и понатаму оваа верзија од оперативниот систем веќе нема да добива било какви надградби, вклучувајќи ги и сигурносните надградби.
Доколку сте корисник на оваа верзија се препорачува да го надградите својот систем на најновата верзија, односно на Ubuntu 14.04, која што е дел од групата со долгорочна поддршка. Верзиите кои што се со ознаката LTS, односно со долгорочна поддршка добиваат поддршка во наредните 5 години. Овие верзии обично се препорачуваат да се користат во деловните околини, односно на главните компјутери кои што е користат за секојдневна работа.
Надградбата од Ubuntu 13.10 на најновата 14.04 верзија може да се направи директно од оперативниот систем преку вградениот Software Updater или преки користење на Terminal и командата „do-release-upgrade“. За да ја инсталирате 14.04 верзијата прво треба да ги инсталирате достапните надградби за постарата верзија, па потоа да го надградите вашиот систем.
Доколку Software Updater не ви ја дава како можност Ubuntu 14.04 надградбата, ќе треба да ја вклучите преку прилагодувањата. Вклучете го Software Updater и притиснете на Settings. Потоа во Updates лентата изберете For any new version од dropdown менито до Notify me of a new Ubuntu version: опцијата. Повторно проверете за достапни надградби и Ubuntu 14.04 ќе ви биде понудена како можност.
Извор: OMGUbuntu, Ubuntu Help