Стандардно после септември ја очекуваме изменетата верзија од Android која ја прави Samsung за нивните уреди. Истата оваа година ќе биде направена на основа на Android 15, а на ред е One UI 7 системот од Samsung.
Додека чекаме да почне бета тестирањето на One UI 7, неофицијалните информации говорат дека оваа верзија ќе биде најголемата промена досега воопшто направена на One UI.
Ice universe, најчесто точен извор за вакви информации, преку X и Weibo ја најавува најголемата промена која треба да ја очекуваме кај One UI 7. Тој сепак не дава многу информации, па се што кажува е дека ова ќе биде намногу променетата верзија во историјата на One UI и дека можеме да очекуваме големи промени кај иконите, како и кај дел од менијата.
Дополнително тој најавува и подобри анимации кај корисничкиот интерфејс, нешто што може да се каже дека е предмет на критика кај Samsung, а посебно кога се прави споредба со iOS.
Поради малиот број на детали, односно скоро никакви, останува да му веруваме на Ice universe и да ја чекаме првата бета верзија од One UI 7 за да видиме дали навистина ќе има поголем број на промени.
Samsung изминатите години направи доста за да го подобри корисничкото искуство кај One UI, па не треба да бидеме изненадени доколку тоа оваа година биде направено во поголем процент.