w10_pc_messaging_16x9_en-us_012115

Уште во Јануари Microsoft навести дека за Windows 10 спрема целосно нова верзија од популарниот Skype. Апликацијата ќе има многу поедноставен кориснички интерфејс и се разбира ќе биде достапна на сите уреди.

Она што ја прави новата верзија различна сепак не е само нејзиниот изглед. Според најавите, во Windows 10 Skype ќе биде комбиниран во една апликација Messaging која што ќе треба да биде едно централно место за комуникација на оперативниот систем. Тоа значи дека на мобилните телефони оваа апликација ќе се користи и за SMS пораки, како и за Skype комуникација од едно централно место.

Меѓутоа од најавата, која што и нема нешто повеќе информации за да добиеме претстава како ќе работи апликацијата, Microsoft не излезе со нови информации, па остана да чекаме апликацијата да ја видиме во нејзината финална верзија.

Според информациите до кои што има дојдено порталот Neowin, новата апликација не би требало да ја очекуваме заедно со пуштањето на финалната верзија од Windows 10 која што треба да биде пуштена ова лето.

Според нивните анонимни извори кои што се наводно од компанијата, повеќето програмери се со задача да го доведат Windows 10 во солидна форма до неговото планирано пуштање. Тоа може да значи дека доста други апликации нема да бидат веднаш пуштени поради приоретизирање на исправка на баговите во оперативниот систем.

Како и да е, со оглед на новиот начин на пуштање на надградби на Windows 10, било каква новост може да се очекува да биде дел од оперативниот систем, веднаш по нејзиното завршување. Тоа значи дека ако нешто не е достапно со првата верзија од Windows 10, тоа не значи дека ќе треба да се чека некоја наредна верзија од оперативниот систем за добивање на нови функции.

Извор: Neowin, Windows Central

Претходна статијаMicrosoft ја најави Cortana за Android и iOS заедно со Phone Companion апликацијата
Следна статијаСветот ќе има 3,2 милијарди интернет корисници до крајот на годината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.