Во јули минатата година можевме да прочитаме дека Microsoft се враќа на практиката на претставување на нова верзија од Windows на секои три години. Оваа практика беше прекината со Windows 10, оперативен систем кој требаше да биде „последниот Windows“.

Од компанијата уште немаат излезено со некоја официјална информација за ова, а кога ќе се земе во предвид дека доколку се планира претставување на Windows 12, тоа би требало да се случи за време на летото 2024, па има време до тогаш.

Сега наводно во детали, кои не се се’ уште пуштени во јавноста, за наредната генерација од чиповите на Intel, се споменува поддршка за Windows 12. Кога ќе се земе во предвид дека Microsoft мора да пушта одредени информации порано до своите партнери, ова не е информација која не е можно да е точна.

Нема начин како да се знае дали пуштената информација е точна, освен да се верува на досегашното „досие“ на изворот.

Се верува дека со оглед на големите промени во дизајнот кој ги доби, а и уште ги добива Windows 11, наредната верзија од Windows би дошла со акцент ставен на интеграцијата со вештачката интелигенција.

Windows 11 оваа недела ја доби првата верзија од својата интеграција со новиот Bing, но најавите се дека ВИ треба да претставува многу поголем дел од Windows, а не само како дел од можноста за пребарување.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статија„Макпетрол“: Цената на природниот гас за март ќе биде за 11 проценти пониска
Следна статијаMeta планира да претстави очила за проширена реалност во 2027 за кои очекуваат да ги заменат смартфоните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.