Тест верзиите од Windows, а посебно тие од „dev“ каналот, се одличен начин да се види што подготвуваат од Microsoft за некоја од идните верзии на овој систем. Најновата dev верзија од Windows 11 е 25309, а покрај неколку новини кои се дел од неа, донесува и нов „volume mixer“.

Оваа новина донесува доста добро унапредување на овој дел од „Quick Settings“, кој е замислен да корисниците имаат пристап до одредени прилагодувња, без потреба од отворање и барање низ Settings апликацијата.

Новата верзија од „volume mixer“ ја додава можност за избор на уредот на кој ќе се слуша звукот, односно дали преку звучниците, слушалките или било кој друг уред кој е поврзан со компјутерот.

Дополнително, корисниците од овој дел ќе можат да изберат и вклучување на Windows Sonic, Dolby Atmos и слично, а на крајот е достапна можноста да се менува звукот посебно за секоја апликација.

Ова е мала, но доста важна промена која ќе им овозможи на корисниците подобро корисничко искуство.

Со оглед на тоа што се работи за „dev“ верзија од Windows 11, не е познато кога може да се очекува за сите корисници, па би рекле дека ќе биде пуштена во текот на оваа година.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаЗголемување на батериите кај Galaxy Watch6 серијата треба да донесе подобра издржливост на часовниците
Следна статијаApple наводно повторно ги враќа плановите за претставување на iPhone SE 4
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.