12-Aug-13_2-30-38_PM-664x374

Microsoft излезе со најновата верзија од својот оперативен систем Windows 8 во Октомври минатата година. За успешноста и прифатеноста од страна на корисниците, може доста да се дискутира. Во обидот да привлече повеќе корисници на Windows 8 Microsoft започна со преставување на првата надградба, од новиот систем на годишни надградби на Windows, наречена Windows 8.1. Истата се очекува да биде официјално достапна во наредните месеци. Дел од новостите што корисниците може да ги очекуваат во Windows 8.1, Microsoft ги престави во Јуни на конференцијата Build, после кое што претставување стана достапна Preview (бета) верзија од Windows 8.1. Повеќе за оваа бета верзија на Windows 8.1 можете да прочитате тука.

Како што месецот кога финалната верзија ќе стане достапна станува се поблиску, стануваат и почести верзиите што „излегуваат во јавноста“, неофицијално се разбира. Последната неофицијална верзија се верува дека е RTM, односно дека веќе од крајот на овој месец финалната верзија на Windows 8.1 ќе биде достапна за производителите на компјутери. Официјалната верзија е 9471 и со себе носи одредени новини.

Информациите за новините во најновата верзија доаѓаат од видео направено од сајтот WinBeta кое што можете да го погледнете на крајот од текстот.

Новините достапни се следните:

Help & Tips, односно Помош и Совети апликацијата достапна, меѓутоа нефункционална во бета верзија, сега е целосно функционална. Оваа апликација е наменета да го направи полесно користењето на Windows за новите корисници, а и сите што не се запознаени со сите можности на оперативниот систем.  Ова треба да биде постигнато со вклучените туторијали, кои треба да го поедностават снаоѓањето со околината.

Надградба е направена и на апликациите Mail и People. Истите имаат нов сменет изглед, како и додатни функции. Конкретно, во Mail апликацијата воведена е можноста за филтрирање на пораките добиени од социјални медиуми или новости. Оваа опција е неодамна преставена во најпознатиот провајдер за е-пошта, Gmail од Google, се разбира. Исто така додадена е и можноста за “drag and drop”, односно можноста за префрлање на емаил порака во било кој фолдер.

Исто така додадени се повеќе звуци во Аларм апликацијата, како и нови позадини, кои од оваа верзија ќе може да се користат како на десктоп, така и на Стар екранот.

Претходна статијаНадградена Amazing Weather HD за Windows Phone 8
Следна статијаОфицијално Windows 8.1 финална верзија достапна на 18-ти Октомври 2013
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.