Годинешната Google I/O е меѓу подобрите изминатите години, дефинитивно може да се донесе ваков заклучок. Google покрај тоа што претставија неколку нови уреди, меѓу кои и нивниот прв уред на преклоп, Pixel Fold, имаа што да презентираат и за нивните сервиси и други системи.

Дел од конференцијата беше и наредната верзија од Wear OS, оперативен систем за паметните часовници кој стана многу подобар по почетокот на соработката на Google со Samsung.

Новините кои Google ги најави за Wear OS 4 може да се каже дека го донесуваат овој систем на ниво на watchOS од Apple. Од друга страна, Apple почна да губи дел од апликациите кои се достапни на нивниот паметен часовник, а најновата информација е од Meta дека ја тргаат нивната Messenger апликација од Apple Watch.

Корисниците со Wear OS 4 ќе можат директно од часовникот да ги читаат своите Gmail пораки, како и настаните од Google Calendar, а големо подобрување се добива во Google Home апликацијата која ќе овозможи контрола на паметните дом директно од часовникот.

Соработката со другите компании треба да донесе повеќе апликации на часовниците со Wear OS, а првата која се најавува е WhatsApp. Корисниците ќе можат да одговараат на пораките директно од нивниот часовник, а достапни ќе биде и гласовни пораки, како и одговарање на повиците од апликацијата.

Spotify исто така е дел од оваа најава, а со оваа апликација се најавува и „tiles“ функцијата која ќе овозможи апликациите да имаат неколку делови со различни функции, како што е случајот на watchOS.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаBing можно е да го замени Google како главен пребарувач во Firefox
Следна статијаЛинда Јакарино е новиот главен извршен директор на Twitter
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.