mac-iphone-1

Корисниците на некој од двата оперативни системи од Apple оваа недела можат да направат надградба на понова верзија. Промената на верзиите е минимална, односно се работи за надградби коишто не вклучуваат нови функции во оперативните системи.

Надградбите се достапни за iOS и OS X El Capitan и истите ги донесуваат верзиите до 9.2.1, односно 10.11.3 соодветно.

Како што може да се види и од промената на бројката на верзијата, се работи за минимални надградби коишто ги вклучуваат следните промени:

  • Подобрување на перформансите
  • Исправка на пријавени и откриени багови
  • Сигурносни исправки и подобрувања

Инсталацијата на новите верзии може да се направи како и за било која од претходните, односно преку Software Update делот во прилагодувањата на iOS, односно во App Store на OS X.

Наредните верзии коишто следуваат се iOS 9.3 и OS X El Capitan 10.11.4. Истите се веќе достапни на програмерите за тестирање, па корисниците може да ги очекуваат во периодот што следи.

Овие верзии во нив ќе вклучуваат и одреден број на новини за оперативни системи, меѓутоа не треба да се очекуваат значителни промени.

Извор: 9to5Mac, MacRumors