Со пуштањето на најновата верзија од dev каналот на Windows Insider програмата на Windows 11, Microsoft почна со тестирање на нова функција која веднаш потсетува на познатата Spotlight функција од macOS.

За разлика од Spotlight, лентата за пребарување во Windows 11 е направена цело време да стои на десктопот во форма на „виџет“. Ова исто така може да значи дека наскоро ќе видиме и нова можност на овој оперативен систем, поставување на различни виџети кои моментално може да се постават само во посебниот дел за тоа.

Пребарувањето преку виџетот се прави очекувано преку Bing од Microsoft, а резултатите е отвораат преку Edge.

Во оваа фаза нема многу можности за измена на виџетот, освен можноста да се исклучи, па ќе видиме дали до неговото пуштање, ако се случи, ќе видиме повеќе простор за прилагодувања.

Виџетот не им е достапен на сите корисници од dev каналот во оваа фаза, што значи дека продолжувањето на развојот ќе зависи од реакциите на корисниците кои можат да го користат.  

Тие кои сакаат на Windows функција како Spotlight на macOS, истата можат да ја добијат преку PowerToys апликацијата од Microsoft која овозможува некоку интересни и напредни функции.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаНајмногу онлајн купувања од странство кон домашните е-трговци извршени со платежни картички од САД и Обединетото Кралство
Следна статијаОтворен првиот Фаб Лаб во Македонија на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.