SQL-Loves-Linux_2_Twitter-002-640x358

Можеби незамисливо додека директор на Microsoft беше Стив Балмер, меѓутоа доколку ја имате следено новата политика и стил на работа на Сатја Надела, оваа вест е можеби и очекувана.

Microsoft ќе ја донесе својата најнова верзија од познатото решение за дата бази, SQL Server 2016 и на Linux. Оваа верзија е веќе достапна во тест форма, а се очекува да биде завршена подоцна оваа година.

За почеток достапноста на Linux е овозможена на Ubuntu, како и во форма на Docker Image. Preview верзијата за оваа платформа е достапна од 7-ми март, а финалната верзија се очекува да биде официјално завршена до половината на идната година.

Со овој потег од компанијата ја продолжуваат нивната нова политика која производите ги овозможува на повеќето достапни платформи, нешто што до пред некоја година не можеше ни да се замисли.

Денеска веќе ги гледаме повеќето сервиси од Microsoft како се достапни на Android и iOS, а во многу ситуации тие се повеќе на број и поразвиени од нивните Windows верзии.

Се поставува прашањето колку оваа можност ќе се користи од корисниците, со оглед на добрата конкуренција која е достапна на Linux серверите, конкуренција којашто е со отворен код и не се наплаќа.

Извор: Microsoft, ZDNet, TechCrunch

Претходна статијаТинејџери за првпат работат на Windows 95 – реакциите се очекувано интересни
Следна статијаSkype ја прекинува поддршката за апликацијата на телевизорите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.