Со Windows 11 Microsoft донесе долго време потребен редизајн на нивниот оперативен систем, заедно со нивните апликации. Сепак, една од поголемите критики за овој процес е што тој е половично завршен. Голем дел од визуелните елементи остануваат непроменети, па некои од нив се дури непроменети уште од пред 20 години.

Пример за ова е новиот дизајн на менито кое се појавува кога ќе се притисне со десното копче на глувчето на десктопот, дизајн кој не е направен за вториот дел од менито каде се достапни дополнителни опции. Ова исто така важи и за File Explorer кој иако доби освежување кое не е мало, сепак не претставува целосно нова апликација.

Од код забележан во тест верзиите од Windows 11 се гледаат знаци дека од компанијата работат на целосен редизајн на File Explorer, со што може да се стави крај на овие критики. Апликацијата треба да изгледа целосно прилагодена со дизајн стилот на Windows 11, па веќе не би требало да има стари елементи.

Twitter корисникот FireCube објави слика која ја има направено врз основа на информациите кои може да се извадат како заклучок од кодот. Во кодот исто така може да се забележат и нови делови кои ќе овозможат поголема поврзаност со OneDrive и Microsoft 365 сервисот.

Не се знае кога може да се очекува пуштањето на новиот изглед, но се надеваме дека ќе им биде пуштен на корисниците во Windows Insider програмата наскоро, а за сите најверојатно може да се очекува на есен кога ќе биде и втората поголема надградба на системот.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаAfeela е заедничкиот бренд за електрични автомобили на Sony и Honda
Следна статијаSamsung Electronics ја лансираше следната генерација на технологија за прикажување со нови линии Odyssey, ViewFinity и паметни монитори на саемот CES 2023
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.