Порталот Windows Central објави ексклузивна информација од нивни извори според која Microsoft веќе работи на воведувањето вештачка интелигенција во Windows 11. Ова е нешто што од компанијата го најавија, па сега го гледаме еден од првите примери како може да изгледа таа интеграција во иднина.

Според информациите, помош од вештачката интелигенција треба да добие одличната „Snap Assist“ функција која се користи за поставување на прозорите во неколку позиции на екранот. Ова е функција која беше додадена за првпат со претставувањето на Windows 11 и која овозможи повеќе можности за поставување на прозорите од страните, покрај можноста за нивно повлекување лево или десно или во ќошињата од екранот.

Snap Assist прикажува четири или шест предодредени позиции за поставување на 2, 3 и 4 прозори, а се користи со едноставно повлекување на прозорот до саканиот избор или притискање на изборот кога ќе се помине со курсорот врз копчето за зголемување на прозорот.

Вештачката интелигенција треба да донесе подобрување на оваа функција преку памтење на позициите на екранот на две или неколку апликации кои често се користат преку оваа функција. Со тоа корисниците не би требало веќе да ги местат прозорите секогаш кога работат со истите две апликации, на пример, па Windows 11 ќе ја запамти поставеноста.

Дополнително се најавува додавање на OCR функција, односно функција за препознавање на текст директно во Windows Snap Assist со што корисниците ќе може да побараат апликации кои би сакале да ги постават, дури и да не можат да се сетат за која се работи. Windows 11 ќе може да пребарува и текст, слики и слично, доколку корисникот не е сигурен преку која апликација ги има отворено или кој документ.

Со оглед на тоа дека се работи за неофицијална информација, не можеме да знаеме дали истата е точна, но сепак Windows Central досега се имаат покажано како сигурен извор. Во периодот што следи очекуваме да ја видиме функцијата во некоја од тест верзиите од Windows 11, па можеби до крајот на годината ќе биде пуштена за сите корисници.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаMicrosoft го пренесува искуството една недела по пуштањето на новиот Bing
Следна статијаОсновачот и директор на Nothing повторно направи рецензија на смартфон, овој пат на OnePlus 11
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.