Достапноста на Android апликации беше една од поголемите најави при претставувањето на Windows 11. Оваа карактеристика на оперативниот систем сепак не започна како што беше најавувано, па требаше време додека воопшто биде пуштена, а сега кога е достапна ја има само во неколку земји во светот.

Дури и во земјите каде е достапна оваа функција, изборот на апликации не е баш најдобар, па може слободно да се каже дека Microsoft ништо не направија на овој план.

Ова може да се промени наскоро, барем во делот од страната на Microsoft. Тие сега овозможуваат сите програмери кои имаат апликации на Amazon продавницата за апликации, преку која истите се достапни на Windows 11, да можат да ги донесат своите апликации на овој систем.

Досега можноста беше ограничена, што значи дека сега може да се очекува зголемување на изборот на апликации, но ќе видиме дали и кога тоа ќе се случи.

Програмерите ќе мора да внимаваат на одредени услови сепак, како што е можноста апликацијата да ја менува својата големина, истата ќе мора да функционира во прозор на десктоп оперативен систем, а исто така ќе мора да се внимава апликацијата да функционира добро со глувче и тастатура.

Оваа новина беше најавена минатата недела во рамките на Build 2023 конференцијата на која централното место ја имаше вештачката интелигенција, очекувано.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаУспешно реализирана еко-акција на Водно со заедницата за е-трговија
Следна статијаGoogle го промени начинот на синхронизирање на контактите на Android телефоните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.