Shutterstock.com

Chromebook лаптопите од Google стануваат се повеќе популарни, а тоа е случајот не само кај корисниците од образованието, каде првично беа насочени, како и корисниците кои сакаат поевтин уред. Овие лаптоп компјутери се користат се почесто и од страна на бизнисите, а повеќето поголеми производители имаат во својата понуда Chromebook лаптоп.

Овие лаптопи работат на Chrome OS, што во основа доаѓа нешто како цел оперативен систем базиран на Chrome прелистувачот. Тоа значи дека овој оперативен е замислен да функционира со веб страни и веб апликации, но со тек на време доби проширување на можностите.

Chrome OS пред неколку години доби можност за пуштање на Android апликации, а сега оваа поддршка ќе се прошири на Microsoft Office апликациите, како и други Windows апликации.

Оваа новина доаѓа преку новата соработка помеѓу Google и Parallels со што софтверот за виртуелизација на Parallels ќе дојде интегриран во Chrome OS. Со тоа ќе се овозможи да се пуштаат апликации од други оперативни системи.

Microsoft Office веќе може да се користи на Chromebook, преку веб верзиите, но и со пристап преку верзии од апликациите на серверите на Parallels, па можноста за локално инсталирање секако ќе овозможи повеќе предности.

Со можноста за инсталирање на Windows апликации, дефинитивно Chromebook уредите ќе добијат уште поголема популарност, па може ќе станат и посериозна конкуренција на PC уредите, а Windows 10X е токму реакцијата на Microsoft на успехот на Chrome OS.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаОфицијално пуштена страната за додатоци за новиот Microsoft Edge
Следна статијаПодобување во Windows 10 May 2020 овозможува Microsoft Edge да користи до 27% помалку RAM меморија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.