Microsoft излезе со нова објава со наслов „Принципиелен пристап на прикачувањето на апликации и стандардни апликации во Windows“. Со ова од компанијата најавуваат нешто што ќе треба да ги тргне дел од критиките за Windows 11, нешто што слободно може да се каже дека не требаше воопшто да стане проблем.

Со претставувањето на Windows 11, верзија која донесе одлични промени кај корисничкиот интерфејс на Windows, променет беше начинот на којшто корисниците ги бираат стандардните апликации. Процесот беше непотребно усложнет, па доколку некој сака да го избере Chrome како главен прелистувач, тоа мораше да го прави преку промена на секоја датотека која се отвора со овој вид на апликација, наместо со едно притискање на копче.

Од компанијата после повеќе критики направија промени на овој процес минатата година, а сега најавуваат дополнителни промени кој одат во правец на подобар избор за корисниците, но и за програмерите.

Корисниците ќе имаат целосна и лесна контрола над прикачувањето на апликациите на десктопот, на долната лената, односно „таскбарот“, како и во Старт менито. Дополнително, еден унифициран систем ќе се користи за избор на стандардните апликации, а овој систем ќе го користат и апликациите од Microsoft.

Ова ќе биде постигнато преку можноста да апликациите директно однесат до делот во Settings каде што истата ќе може да се постави како стандардна, а исто така апликациите прво ќе бараат дозвола пред да нивната икона биде прикачена на десктопот, таскабарот или Старт менито.

Ова се одлични промени кои не требаше ни да се дозволи да станат проблем. Microsoft најави дека во месеците што следат ќе почне да ги тестира во Dev каналот од Windows Insider програмата, па претпоставуваме дека во есенската надградба ќе бидат пуштени за сите.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНапредок во развојот на технологијата постигнат од научници од Јужна Кореа може да донесе поевтини OLED екрани за телефоните, телевизорите и другите уреди
Следна статијаНовите линии на Samsung Neo QLED и OLED телевизори од сега се достапни за преднарачка со неверојатни подароци
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.