Windows 10 беше претставен во 2015 година, а официјалната поддршка ќе му заврши за две години, односно до крајот на 2025. Овој оперативен систем доби доста голема популарност и ги исправи повеќето од забелешките кои корисниците ги имаа за не толку добриот Windows 8.

Крајот на Windows 10 полека почнува уште од оваа година, а тоа не треба да чуди со оглед на тоа што од Microsoft своите ресурси ги насочуваат кон Windows 11, кој според нас е доста подобар и вреди да се му се даде шанса.

Крајот на овој месец ќе биде последната шанса за корисниците да купат лиценца и да го симнат Windows 10 преку официјалната страна на Microsoft. Од идниот месец оваа можност веќе нема да биде достапна преку компанијата, што значи дека корисниците ќе можат да го купат единствено Windows 11 преку Microsoft.

Повеќе информации за ова не се достапни, но се верува дека лиценците ќе може да продолжат да се купуваат преку други страни, а достапни ќе им бидат и на производителите кои уште продаваат компјутери со Windows 10.

Како и да е, купување на нов компјутер со Windows 10 слободно можеме да кажеме дека нема некоја логика, а покрај другите аргументи, во најмала рака овој оперативен систем веќе и не добива нови функции, туку само исправка на грешки и безбедносни надградби.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаSamsung Display прикажа нов екран кој целосно се превиткува во два правци
Следна статијаiPad Pro ќе добие редизајн идната година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.