Фото: Shutterstock.com

Microsoft пушта неколку помали надградби во текот на годината за Windows 11, иако главната доаѓа еднаш годишно во есен, преку кои додава нови функции, како и исправки на одредени грешки. Овие надградби се посебни од безбедносните надградби кои ги има секој месец.

Поради проблемите кои не ретко се појавуваат кај одреден број на компјутери, сепак ги има огромен број на различни видови, надградбите се пуштаат постепено, а изминатите години машинското учење е тука да помогне во изборот на уредите кои ги добиваат надградбите порано или подоцна.

Корисниците кои сакаат побрзо да ги добиваат надградбите, но не сакаат да се приклучат на Windows Insider програмата, која сепак не е за сите, ќе имаат нов начин како да бидат префрлени погоре во редот, кратко кажано.

Во најновата Preview надградба за Windows 11 22H2, уште еден начин за побрзо добивање на надградбите, корисниците добиваат нова опција во Windows Update. Опцијата гласи „Добијте ги најновите надградби штом станат достапни“, со можност да се вклучи или исклучи можноста.

Како што кажува самото име, со вклучувањето на оваа нова можност, новите надградби корисниците ќе ги добиваат порано од обично, односно ќе бидат ставени на врвот од листата при изборот на уредите. Ова секако не гарантира дека надградбите ќе се добиваат веднаш, а системите на Microsoft треба да дадат „зелено светло“ за тој уред, односно да проценат дека нема да има проблем со инсталацијата.

Оваа надградба ќе им биде пуштена на сите корисници наскоро, што значи дека сите ќе можат да ја вклучат новата можност.

Уште една новина која доаѓа со оваа надградба додава нови анимации на копчето за „виџети“ на долната лента. Овие анимации се вклучуваат кога има некое ново известување или кога ќе се помине со глувчето врз копчето.

Претходна статијаВерификацијата на профилите на Tinder сега ќе се прави преку видео
Следна статијаКомпанијата Zelim развива беспилотни возила кои би спасувале луѓе во вода кога е опасно да се испрати екипа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.