„Widgets“ лентата, која беше претставена како дел од тогаш новиот Windows 11, е одличен додаток на овој оперативен систем. Сепак, малиот број на „виџети“ беше пополнет со цела низа на новости од MSN сервисот на Microsoft.

Од компанијата се познати до некаде по наметнувањето на одредени нивни сервиси и производи, па тие уште од Windows 10 почнаа да даваат непотребно значење на оваа листа.

Сега кога постепено гледаме пуштање на повеќе виџети од трети страни, Microsoft конечно најави дека ќе овозможи исклучување на листата со новости и достапност само на виџетите кои ги има поставено корисникот.

Оваа информација беше објавена за време на Build 2023 конференцијата на која беа претставени повеќе интересни работи.

Корисниците ќе имаат можност да изберат од неколку различни форми на лентата за виџети, од кои едната ќе биде „само со виџети“, односно без листата со новости.

Досега можевме да прочитаме дека Microsoft планира издвојување на виџетите и листата на новости, а тоа може да биде и една од формите на оваа лента.

Тоа што е поинтересно, но се’ уште непотврдено од страна на Microsoft, е можноста виџетите да се постават на десктопот, односно корисниците да ги гледаат своите најважни виџети без потреба од отворање на лентата.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаYouTube ги укинува Stories објавите кои и така не станаа популарни на овој сервис
Следна статијаiPhone ќе биде претворен во паметен екран со iOS 17
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.