Фото: Surface Laptop Go / Microsoft

Веќе нема ни да броиме колку пати беше најавена или официјално пуштена посебна верзија од Windows која треба да биде „полесна“ и прилагодена да функционира на послаб хардвер, односно на доста поевтините лаптоп компјутери.

Сега повторно излегуваат неофицијални информации за тоа дека Microsoft не се откажува од желбата да понуди добра алтернатива на евтините Chromebook лаптопи со нов Surface лаптоп кој треба да има соодветна цена.

Според информациите од Windows Central, лаптопот би имал 11,6 инчен екран, Intel Celeron N4120 процесор, како и 8GB меморија. Резолуцијата на екранот би била 1366 на 768 пиксели, а тука ќе бидат и по една USB-A, USB-C и порта за слушалки.

Ова е очекувано за лаптоп кој се очекува да има цена под 400 долари и во главно да биде наменет на образовните институции каде сега се доста популарни Chromebook лаптопите од Dell, Lenovo и HP.

Windows Central исто така најавува дека овој лаптоп, кој би требало да биде претставен до крајот на годината, ќе работи на посебна верзија од Windows 11, наречена Windows 11 SE. Оваа верзија би требало да има помалку функции од стандардната, со што ќе се намали побарувачката од ресурси.

Најдобра споредба може да се направи со Windows 10 S, верзија од системот која ги исклучува некои од функциите, како и можноста за инсталација на апликации надвор од Microsoft Store.

Интересно е што Windows 11, пред воопшто да го добие ова име, беше прво развиен за уредите со два екрани, за да после се насочи кон Chromebook пазарот. Подоцна овој оперативен систем ја доби сегашната форма, односно наследник на Windows 10, па Microsoft повторно ќе има посебна верзија за послабите уреди.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаSamsung официјално ги презентира новините кои доаѓаат со One UI 4
Следна статијаIntel ги претстави 12th-gen Intel Core чиповите со целосно нова архитектура
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.