Cortana, име кое повеќето корисници го немаат слушнато одамна и го имаат заборавено, ќе биде тргната од Windows каде моментално е достапна како посебна апликација која доаѓа инсталирана со системот.

Оваа новина тешко дека ќе ги погоди корисниците, а е логична со оглед дека овој персонален асистент никогаш и не успеа да добие некоја посебна популарност. Microsoft ја пушти Cortana во обид да им конкурира на Siri од Apple, како и Alexa од Amazon, но како за доста производи, тие не направија доволно за тоа.

Cortana веќе нема да добива поддршка почнувајќи од крајот на годината, иако не е истакната точна дата. Како замена за Cortana веднаш може да се претпостави дека ќе биде новата Windows Copilot функција која треба да стане дел од Windows 11 до крајот на годината.

Од компанијата можеби споредбата не ја прават директно, а за тоа има и логика. Windows Copilot, функцијата направена на основа на новиот Bing и вештачката интелигенција, не функционира во стилот како Cortana. Тоа значи дека корисниците нема да имаат една икона со чие притискање добиваат можност за гласовни команди, па Windows Copilot е многу повеќе од тоа.

Оваа нова функција на Windows 11, која ќе стане достапна за тест верзиите од системот од ова лето, беше презентирана во рамките на Build 2023 конференцијата и со тоа се потврдија очекувањата дека вештачката интелигенција ќе биде интегрирана во скоро сите производи од Microsoft.

Покрај Windows Copilot, од компанијата ги истакнуваат и алатките како Voice Access за Windows 11, новиот Bing и Microsoft 365 Copilot како корисни алатки кои корисниците ќе можат да ги користат наместо Cortana.

ИЗВОРXDA-Developers
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаОграничена понуда: Не пропуштајте да купите телефон од Redmi Note 12 серијата и да добиете две фантастични изненадувања
Следна статијаДојче Телеком ги поврзува младите луѓе низ Европа со „Лето на радоста, младоста и слободата“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.