Фото: Microsoft

По првичните критики за начинот на функционирање на Recall, па подоцна и откритието дека податоците од функцијата не се баш заштитени како што се тврдеше, Microsoft најави промени кои требаше да ги решат проблемите. 

Во основа, Microsoft ја направи дата базата од оваа функција која прави слика од се’ што се прави на компјутерот на неколку секунди, шифрирана, а дешифрирањето најавија дека ќе се прави со дозвола од корисникот. 

Дополнително, од компанијата најавија дека Recall нема да биде автоматски вклучена, па корисниците ќе бираат дали да ја вклучат при првото прилагодување на нивниот компјутер. 

Сепак, од компанијата сега одлучија да го откажат пуштањето на Recall со првите Copilot+ компјутери на 18 јуни, а функцијата ќе им биде достапна на корисниците во Windows Insider програмата.

За останатите корисници стои дека Recall ќе биде пуштена подоцна, но не е дадена точна информација кога би било тоа. 

Од Microsoft очигледно планираат да Recall прво им биде достапна на „тестерите“, па после новите реакции да се одлучи за пуштање кај сите корисници. 

Оваа функција беше можеби и главната која беше најавена за Copilot+ компјутерите, но тие сепак имаат уште неколку други со кои ќе можат да продолжат да бидат нарекувани ВИ компјутери. 

ИЗВОРWinsows Central
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаDelfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија
Следна статијаYahoo ги вгради функциите од Artifact во нивната Yahoo News апликација
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.