Microsoft објави дека сака да избере нов фонт кој ќе биде стандардниот во Windows и останатите производи, како Office. Фонтот кој се користи сега е Calibri, а овој фонт го замени Times New Roman во 2007 година.

Изборот на нов фонт Microsoft ќе го направи во месеците што следат, па можеби и се планира да биде претставен со наредната верзија од Windows 10 во есен. Изборот ќе биде еден од петте веќе предложени нови фонтови кои Microsoft ги прикажа во нивната најава.

Петте нови фонтови се: Tenorite, Bierstadt, Skeena, Seaford и Grandview. Овие фонтови корисниците ќе можат да ги пробаат во онлајн верзијата од Microsoft Office, а своето мислење можат да го дадат на Twitter каде од компанијата официјално ја водат дискусијата со јавноста.

По изборот на новиот фонт, корисниците кои не им се допаѓа новиот избор, секако ќе можат да го користат сегашниот Calibri кој нема да престане да биде дел од Windows и Office.

Новите фонтови можете да ги погледнете во официјалната најава на следниот линк.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаМакедонски Телеком со раст и зголемена добивка во првите три месеци од 2021 година
Следна статијаСкенирај и плати брзо – нова можност за граѓаните за плаќање на сметките за вода
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.