Нешто што досега беше задачата на веќе недостапниот „Skip Ahead“ круг, ќе продолжи во друга форма да функционира преку „Fast“ кругот на надградби кои се дел од Windows 10 Insider Preview програмата.

Тоа значи дека брзиот круг веќе нема да функционира како досега, а ќе има и една клучна разлика од претходниот skip ahead.

Според промените, fast кругот ќе ги добива најновите функции на кои работат програмерите на Microsoft, меѓутоа тие нема да бидат поврзани со некоја наредна верзија од Windows 10, како што беше тоа досега. Овие функции ќе се тестираат од страна на Insider корисниците, а може нема да станат дел од официјалните верзии на оперативниот систем, а ако станат тоа може да биде во било која наредна верзија, но не мора да биде баш наредната.

Досега брзиот круг ги добиваше надградбите кои стануваа дел од наредната официјална верзија од Windows 10, додека skip ahead кругот ги добиваше тие од верзијата после таа. Како што кажува и самото име, брзиот круг ги добиваше надградбите побрзо од останатите кругови, по што беа пуштани на нив.

Slow и Release Preview круговите ќе продолжат да функционираат како и досега, односно корисниците кои сакаат порано да ја користат наредната официјална верзија од Windows 10, ќе можат да го направат тоа преку овие кругови. Секако, Release Preview кругот е најбезбеден поради тоа што ги добива најстабилните верзии, односно тие кои се спремни и за официјално пуштање на сите корисници.

Доколку сте Windows 10 Insider во брзиот круг, а се што сакате е да ја користите наредната верзија од Windows 10, а не да тестирате функции кои може и да не бидат пуштени, би препорачале да го изберете slow кругот уште од сега.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаМакпетрол ги додели наградите од финалното мастер коло, како и од деветтото редовно коло од наградна игра „Со ВЕРНА полни и секогаш добиј“
Следна статијаНовиот Microsoft Edge ќе им биде инсталиран на корисниците преку Windows Update автоматски
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.