Microsoft изгледа подготвува уште едно ребрендирање на функциите со генеративна вештачка интелигенција кои се најпопуларната нова работа овие неколку години. Ребрендирањето изгледа се планира само за во Windows, а името кое наводно ќе се користи потсетува на сличното име кај главниот конкурент на компанијата.
Copilot во Windows 11 изгледа ќе почне да го носи името Windows Intelligence, а секако споредбата ја правиме со оваа година претставената Apple Intelligence.
Информацијата дека од компанијата можеби планираат вакво ребрендирање на Copilot доаѓа од кодот од една датотека од Windows, во која се споменува ова ново име.
Секако, само од ова не може со сигурност да се заклучи дека се планира ребрендирање, името може да е употребено за тотално други цели, односно само дел од некои функции, но сепак останува можноста да дојде до нешто вакво.
Microsoft можеби уште пред две години започнаа со воведување на функциите со генеративната вештачка интелигенција, но според многу истото не го прават баш како што треба. Може да се каже и дека ова не е нешто неочекувано од страна на Microsoft.
Apple иако доста доцнат, веќе започнаа со пуштање на нивните Apple Intelligence функции, па остануваат само неколку месеци додека сите бидат достапни кај сите корисници, а идната година веќе може да се очекуваат и подобрување, како и нови можности.