На WWDC 2017 конференцијата која што се одржува оваа недела, Apple ја претстави наредната верзија на, како што тие го нарекуваат најнапредниот десктоп оперативен систем, macOS, наречена macOS High Sierra.

Оваа верзија од оперативниот систем ќе им биде достапна на корисниците од оваа есен, исто како iOS 11, а од оваа недела ќе биде достапна верзијата за програмерите, по што ќе следи и бета верзијата за сите корисници.

Како и секоја нова верзија од еден оперативен систем, така и macOS High Sierra донесува подобрувања во перформансите и безбедноста на системот.

Делот со перформансите особено треба да се забележи преку користењето на нов систем за датотеки наречен Apple File System (APFS). Овој нов систем донесува подобрени перформанси, безбедност и доверливост на податоците. Исто така, системот овозможува многу поголема брзина на копирање на податоци и папки, заштита на податоците при прекин на електрична енергија и паѓање на системот, како и овозможува енкрипција.

Safari во High Sierra исто така добива подобрување, а од Apple тврдат дека во оваа верзија прелистувачот е до 80% побрз од Chrome на Google. Safari исто така ќе блокира реклами, како и медиа содржини кои автоматски се вклучуваат.

Прелистувачот ќе ги штити корисниците од следењето на страните преку користење на нова технологија на машинско учење, наречена Intelligent Tracking Prevention.

Со оваа верзија од macOS, Apple за првпат додава поддршка за креирање на VR содржина. Тоа го овозможува и преку подобрената втора верзија од Metal, што во основа е технологија од компанијата за графика.

Апликациите кои доаѓаат со системот, како Photos, Mail, Siri и други, исто така добиваат подобрувања.

Целосната листа со новости можете да ја погледнете на Apple страната на следниот линк.

Претходна статијаApple претстави нов 10,5 инчен iPad Pro, го освежи 12,9 инчниот
Следна статијаIBM претстави чипови со големина на транзисторите од само 5nm
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.