Тоа што започна како „Search“ копче си икона во првата верзија од Windows 11, потоа беше променето во поголемо копче во кое покрај иконата, додаден беше и текст. Функцијата на копчето остана иста, односно со притискање се отвора делот за пребарување кој во Windows 11 е посебно развиен и добива посебно внимание од Microsoft.

Доколку сте како нас и не ви се допаѓа новото копче, добро е што Microsoft ќе овозможи избор, а на тој избор додадена е и уште една форма, која можеби и изгледа најдобро, посебно за тие кои често пребаруваат нешто директно од Windows 11.

Во тест верзиите од Windows 11, наменети за програмерите, сега е достапен избор од три форми на копчето за пребарување. Првата е како што беше претходно, односно само икона која го отвора делот за пребарување, втората е како што е моментално кај сите корисници, односно икона со текст, а третата и стандардна кај тест верзиите е целосна лента за пребарување.

Оваа лента може и да се користи за директно внесување на текст, што ја прави доста попрактична, а исто така изгледа одлично. Покрај иконата и текстот, лентата на десната страна има слика која се менува од време на време.

Со оглед на тоа што оваа функција се тестира во dev каналот, не е познато кога може да се очекува за сите корисници и дали воопшто ќе биде пуштена. Сепак, веруваме дека тоа ќе се случи најдоцна до есен.

Претходна статијаСè што од секогаш сте сакале да дознаете за GPT – онлајн настан организиран од Women in Tech Macedonia
Следна статијаРедизајнираната верзија од Thunderbird може да се очекува ова лето
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.