Нема уште многу време до претставувањето на наредните генерации од оперативните системи од Apple. Тоа ќе се случи на 5 јуни, на главната презентација од WWDC 2023 конференцијата.

Што ново се очекува кај овие системи, како и секогаш се дознава неофицијално, а тоа е случајот и со новата информација за iOS 17.

Според Марк Гурман, Apple планира да го искористи екранот на iPhone во ситуациите кога телефонот е поставен на полнач и е во вертикална позиција. Во овој случај екранот треба да биде „претворен“ во паметен екран на кој ќе се прикажуваат повеќе важни информации за корисникот.

Како пример се даваат информации од календарот, временската прогноза, известувања и повеќе, нешто што е слично со неколку вакви функции кај Android.

Се додава дека од компанијата планираат нешто вакво и за iPad, но наводно тоа не треба да се очекува со iPadOS 17, но затоа се надеваме дека конечно ќе бидат донесени новините поврзани со „заклучениот екран“ од iOS.

Нешто слично направи Google со нивниот нов Pixel Tablet, кој дури доаѓа со звучник станица за полнење, па кога корисниците ќе го постават таблетот на станицата, тој се претвора во контролен центар за домот.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаMicrosoft ќе овозможи исклучување на нивните „виџети“ со вести во Windows 11
Следна статијаAmazon Prime Video со критика кон Netflix за забраната за споделување на сметката со други корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.