Apple ја претстави 11та верзија од својот iOS оперативен систем на почетокот од месецот на нивната WWDC конференција. За програмерите веднаш беше овозможена тест верзија, додека финалната верзија се очекува некаде околу септември.

Apple веќе одреден период, може слободно да се каже по примерот на Microsoft, почне да овозможува бета пристап и за обичните корисници, односно не само за програмерите. Оваа верзија од iOS 11 беше најавена за нешто подоцна од програмерската, па од ова недела истата стана достапна за сите корисници.

За да можете да ја инсталирате бета верзија потребно е да се регистрирате како бета корисник на следната страна од Apple. Во основа се регистрирате да бидете дел од бета програмата на компанијата, со што добивате пристап до бета верзиите од оперативните системи на Apple.

Инсталирањето на бета верзијата, по регистрирањето се прави на едноставен начин. Добивате конфигурациски фајл кој треба да го инсталирате на вашиот телефон, да го рестартирате и потоа да го надградите како што тоа го правите и за обичните надградби.

Сепак, би предупредиле да не ја инсталирате оваа верзија на вашиот главен телефон поради ризикот којшто е секогаш присутен со бета верзиите. Мал проблем да се јави, може да останете без телефон од неколку саати, до неколку денови, зависно од тоа колку ќе успеете да го средите.

Доколку сепак се решите да ја инсталирате бета верзијата, бидете сигурни дека ги имате направено сите потребни бекапи од вашите важни податоци, па и доколку нешто несакано се случи, податоците ќе ви бидат достапни кога ќе ја инсталирате обичната верзија од оперативниот систем.

Инаку, iOS 11 донесува цела низа на подобрувања, а посебно за iPad уредите. Повеќе за новостите во оваа верзија од системот можете да прочитате на следниот линк.

Извор: TechCrunch

Претходна статијаОва се првите фотографии од iPhone 8?
Следна статијаНови информации за Galaxy Note 8 најавуваат дека ќе биде најскапиот смартфон на Samsung досега
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.