Концепт замислите за одредени производи се одличен начин да видиме како би можеле тие да изгледаат замислени од корисниците, не само од нивните производители.

Windows 11 за мобилните концептот од AR 4789, кој е споделен на Discord групата од Windows Central, прикажува како би можел да изгледа оперативен систем од Microsoft за мобилните.

Направено е прилагодување на Windows 11 за малите екрани, а концептот го поставува прашањето зошто и Microsoft го нема направено ова. Видеото можете да го погледнете во продолжение.

Microsoft веќе има прилагодена верзија од Android, меѓутоа исто како што направи со Windows 10 Mobile, вниманието кое го посветува е слабо, соработката со програмерите исто така, па бројот на корисници на Surface Duo, не е баш добра.

Можевме на пазарот да имаме и трет играч кој ќе ја зголемеше конкуренцијата на сегашните двајца, односно Android и iOS, а компанијата како Microsoft е помеѓу ретките која ги има потребните ресурси за тоа.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаМинистерот Алиу за забраната на платформата ТикТок
Следна статијаSamsung не сака вработените да ги користат новите алатки со вештачка интелигенција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.