Фото: OnePlus

Во рамките на MWC 2024 саемот за технологија, кој се одржува моментално, Google најави мала промена во нивниот Wear OS, систем наменет за паметните часовници.

Оваа мала промена треба да донесе подобра заштеда на батеријата, па иако нема предвидувања за тоа колку може да се очекува, сепак корисниците ќе добијат подолго траење на истата.

Промените први ги добиваат корисниците на новиот OnePlus Watch 2, кој беше претставен во текот на вчерашниот ден, но нема да бидат ограничени само кај овој часовник.

Начинот на којшто се добива подобра заштеда на батеријата е преку префрлување на известувањата од главниот процесор на часовникот, кај тој наменет за заштеда на енергија. Овој помал процесор обично е тука за извршување на мали задачи во позадина, како што се мерењето на чекорите на корисникот, пулсот и слични задачи.

Известувањата, наместо да го „будат“ главниот процесор со неговата поголема потрошувачка, сега ќе може да функционираат преку помалиот процесор. Со оглед на тоа што известувањата не бараат некоја посебна моќ, чудно е што и досега ова не бил случајот.

Додека конечно не бидат пуштени батерии со понова технологија, ваквите мали оптимизации се важни за продолжување на корисноста на паметните часовници и другите уреди генерално.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаSamsung го претстави Galaxy Ring – нов уред за полесно и подобро следење на „здравствените“ информации од корисникот
Следна статијаGoogle открива дека Microsoft се обиделе да им го продадат Bing на Apple во 2018
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.