Google вчера претстави шест новини кои стануваат дел од Android кои, како што истакнуваат од компанијата, треба да ја подобрат безбедноста и корисничкото искуство на телефоните. Овие новини не се поврзани со изгледот на Android, тоа останува за наредната верзија од системот, па повеќе се насочуваат кон донесување на нови или подобрување на постојните карактеристики и функции.

Првата новина ќе им користи на тие кои своите лозинки ги чуваат на својата Google сметка и ги пополнуваат во апликациите преку Autofill функцијата од Google. Како што е случајот со Google Chrome, така сега и Android корисниците ќе бидат известени доколку некоја од нивните лозинки се компромитирани во некој од не толку ретките хакерски напади. Проверката ќе се прави кога конкретната лозинка се внесува, по што корисниците ќе знаат дали треба да ја променат.

Втората новината е поврзана со Messages апликацијата од Google, која се користи за SMS пораки. Оваа апликација добива можност за закажување на пораките, односно можност за избор на време во иднина кога пораката треба да биде испратена, наместо тоа да мора да се направи веднаш.

Уште една новина која корисниците сигурно ќе ја забележат и ценат е темна тема за Google Maps. Ова може да се каже дека одамна веќе е потребно, а корисниците добиваа темна тема само во ситуациите кога ќе ја вклучеа навигацијата кон некоја локација во ноќни услови. Сега темната тема ќе може да биде вклучена цело време.

Останатите три новини се поврзани со нови функции на Google Assistant и Android Auto, како и TalkBack функцијата за читање на содржината од екранот.

Како што истакнуваат од Google, овие новини се или веќе пуштени или ќе бидат пуштени во периодот што следи, па сите корисниците може да ги очекуваат во наредните неколку недели.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаTotal Cookie Protection во Mozilla Firefox дополнително ќе ги штити корисниците од следење
Следна статијаFlash официјално си оди од Windows 10 со посебна надградба која Microsoft ја пушти за сите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.