Во поновите верзии од Android, односно 11 и 12, Google воведе ја воведе безбедносната функција која автоматски ги ресетира дозволите кои ги имаат апликациите кои не биле користени подолго време, односно неколку месеци.

Тоа значи дека ако имате инсталирано некоја апликација која има пристап до вашата локација, микрофон и слично, но не ја користите, истата непотребно продолжува да ги користи овие информации за вас. Со автоматското ресетирање на дозволите за пристап до информациите, овие апликации веќе не можат да ги користат, па доколку повторно ја користите некоја од овие апликации, тие ќе мора повторно да побараат дозвола.

Оваа функција Google сега ја пушта и за корисниците на постари телефони, односно постара верзија од Android, поточно од Android 6, па се до Android 10.

Функцијата нема да биде пуштена како надградба на системот, туку како надградба на Google Play Services, нешто што се прави преку Play Store. По инсталацијата на новата верзија, новата функција станува дел од Google Play Protect.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаНовиот смартфон Samsung Galaxy A53 5G пристигна во Македонија
Следна статијаParamount+ го објави првиот официјален „трејлер“ за новата Start Trek серија Star Trek: Strange New Worlds
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.