Односно, Европската Комисија има проблем со начинот на кој Google ти приморувал прозиводителите на смартфони по „дифолт“ да ги инсталираат апликациите Google Chrome и Google Search на нивните уреди.

Google им плаќал на повеќе компании кои произведуваат смартфони за да го сторат ова. Во спротивно, не им дозволувале на тие компании да ги поврзат своите уреди со Play Store, што во пракса би ги направило тие уреди речиси бескорисни (повеќе од 80 проценти од смартфоните ширум светот користат Android оперативен систем).

Иако Google го условува користењето на Play Store на мобилни уреди со инсталирање на 11 различни апликации, ЕК има проблем само со Chrome и Search, бидејќи смета дека токму тие апликации се најупотребуваните од страна на корисниците (за што се во право – Chrome е екстремно доминантен на Европско тло со 90 проценти удел во пазарот на интернет пребарувачи).

Дополнително, ЕК има проблем со тоа што Google им плаќал на производителите за тие да го инсталираат Google Search на мобилните уреди (нешто што наводно се случувало од 2011 до 2014 година).

Дали Google навистина направил нешто погрешно?

Не, ако го прашате нивниот CEO, Сундар Пичаи. Според него, Google не само што не ја нарушувал конкуренцијата, туку ја поттикнувал. Сундар вели дека долгорочно ваквите потези на ЕУ ќе ги примораат Google да престанат да гo нудат својот оперативен систем „бесплатно“.

Кое е најлошото сценарио за Google

Во најлош случај, ако ја испочитуваат одлуката и во рок од 90 дена ги сменат своите практики, нема да смеат да ги врзуваат Chrome и Search со уредите на останатите производители. Тоа евентуално би довело до помал профит генериран преку мобилни уреди, но ништо што сериозно би го нарушил нивниот бизнис модел.

Проблемот е доколку не ја испочитуваат одлуката на ЕК. Во тој случај се соочуваат со дополнителна казна од 5 проценти од дневниот профит на компанијата-мајка на Google, Alphabet. Повторно, ниту оваа казна нема да го уништи Google, меѓутоа работите би станале малку посериозни, а се отвораат вратите и за дополнителни казни.

Што е со корисниците?

Како што стојат работите, Google ги нуди најдобрите услуги. Нивниот пребарувач е феноменален, како и сите други нивни апликации. Но, се разбира дека постојат достојни алтернативи, кои иако помалку моќни, често „завршуваат работа“.

Еден таков пример е DuckDuckGo, кој е одличен пребарувач фокусиран на приватност. Еден друг сличен (и понов) пример е Brave, кој го тестирам во последнава недела, и засега ме изненадува позитивно.

Во најлошо сценарио, нашите мобилни уреди веќе нема да доаѓаат со преинсталиран Google Chrome и Google Search, туку ќе мора самите да ги инсталираме преку Play Store. А да бидеме реални, токму тоа и ќе го направиме.

Претходна статијаКаде е ЕУ на технолошката мапа?
Следна статијаСоздадовме iOS Академија како одговор на големата потреба од високообучени и квалитетни iOS програмери