Дојде времето од годината кога Google започнува со тестирање на наредната генерација од Android оперативниот систем, во овој случај Android 14. Достапна е првата тест верзија за програмерите, односно Android 14 Developer Preview 1.

Со оваа верзија програмерите ќе можат да почнат да ги тестираат промените кои стануваат дел од Android и навреме да ги прилагодат нивните апликации до пуштањето на бета, па финалната верзија од Android 14.

Бета верзиите треба да почнат да стануваат достапни некаде од април, додека финалната верзија се очекува во август/септември.

Една од главните информации за Android 14 кои се достапни со првата програмерска верзија е продолжувањето на работата започната со Android 12L и Android 13 поврзана со поголемите уреди и уредите на преклоп. Google има подготвено дури и нови правилници и препораки за како програмерите да ги прилагодат своите апликации да функционираат на сите видови на уреди.

Ова е една од поголемите недостатоци на Android во споредба iPadOS, малиот број на апликации кои се специјално прилагодени за таблет компјутерите, како и корисничкиот интерфејс на самиот систем. Со Android 12L овој проблем во голем дел беше решен од страна на Google, па остануваат програмерите да го следат примерот.

Другите промени кај Android 14 вклучуваат подобрување на работата на апликациите во позадина, потрошувачката на батеријата и слично. Android 14 нема да овозможува пристап до „Exact alarms“ функцијата за апликациите кои не се аларми или календари, а корисниците ќе можат и самите да изберат кои апликации ќе можат да им испраќаат одредени известувања.

Android 14 донесува и подобрувања кај „accessibility“ функцијата, тука се и позадински подобрувања на приватноста и безбедноста и слично.

Со пуштањето на наредните верзии, а посебно бета верзиите, ќе можеме да дознаеме повеќе за што е тоа што ќе биде ново кај Android 14, дали ќе има нови визуелни промени и слично.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаTwitter го зголеми ограничувањето на објавите на 4000 карактери за Twitter Blue корисниците
Следна статијаСè што од секогаш сте сакале да дознаете за GPT – онлајн настан организиран од Women in Tech Macedonia
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.