google-wear

Оваа година дефинитивно ќе биде година на паметните часовници. Сите поголеми производители на паметни телефони и софтвер почнаа да претставуваат свои верзии од овој производ. Неколку од големите компании кои што сеуште немаат претставено производ од оваа категорија, се очекува тоа да го направат оваа година. Дел од шпекулациите се разбира беше и Google, односно очекувањата дека ќе претстават паметен часовник. Иако тоа сеуште го нема направено, тие претставија верзија од Android оперативниот систем која што е прилагодена да работи на овој тип на уреди наменети за носење, како и соработка со повеќе компании кои што треба да претстават паметен часовник до крајот на годината. Сепак ова е стилот на работа на Google, тие го овозможуваат софтверот, а нивните партнери хардверот.

Прилагодената верзија е наречена Android Wear и поради нејзината основа се очекува да работи со повеќето достапни апликации од другите уреди. Google ќе овозможат и API алатка за програмерите да може да ги прилагодат своите апликации или нивните нотификации да работат подобро на малите екрани. Многу информации во овој момент не се претставени, односно за почеток Google претставија само кратко видео со кое што официјално го најавуваат нивното влегување во овој пазар на производи. Познато е дека часовниците кои што ќе работат на Google Wear ќе ја имаат можноста за поврзување со мобилните телефони, нивна контрола, добивање на нотификации, користење на гласовни команди, како и веќе популарните функции за следење на фитнес активностите на корисникот. Android оперативниот систем веќе располага со огромен број на апликации кои што ќе може да бидат прилагодени да работат на паметните часовници.

Во продолжение можете да го погледнете видеото, а повеќе информации ќе можете да прочитате кога истите ќе бидат достапни.

https://www.youtube.com/watch?v=QrqZl2QIz0c

Извор: Google Blog

Претходна статијаParavelo летечки велосипед
Следна статијаMotorola и LG ги претставија првите паметни часовници кои работат на Android Wear
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.