Со развојот на веб технологиите, веќе не толку кратко време веб страните имаат можност да се „однесуваат“ како стандардни апликации кои покрај другото, можат да испраќаат известувања на корисниците, дури и кога е исклучен интернет прелистувачот.
Многу корисници го користат ова како предност, па наместо инсталирање на некоја апликација на нивниот десктоп компјутер, тие ја користат веб верзијата, а известувањата ги добиваат исто како да имаат апликација.
Google Chrome се разбира дека има поддршка за овој систем, па веќе одамна корисниците на Gmail, Facebook и други сервиси ги вклучуваат известувањата преку овој прелистувач.
We’re now rolling out support for native notifications in Chrome 68 using the Windows 10 Action Center—super exciting! Would love to hear your feedback! pic.twitter.com/UIDzaroR9D
— Peter Beverloo (@beverloo) August 8, 2018
Од оваа недела, Google додаде поддршка за вградениот систем за известувања на Windows 10, па корисниците ќе можат да ги добиваат известувањата директно преку оперативниот систем. Моментално имплементацијата на оваа новина е дел од Chrome 68, меѓутоа само на 50% од корисниците, а за останатите се очекува во неделите што следат.
Некои од предностите на користењето на вградениот систем ги вклучуваат користењето на Action Center за прикажување на известувањата, односно централизираниот систем кој ги прикажува сите известувања.
Исто така, корисниците сега ќе можат дополнително да ги прилагодат овие известувања преку Settings на Windows 10, а тие исто така ќе ги следат правилата на оперативниот коишто се поставени преку Do Not Disturb функцијата, односно Focus Assist како што е наречена во Windows 10.