Android смартфоните и таблетите на Google со лансирањето на Pixel линијата, ќе добиваат многу почести, но помали надградби, кои пред се ќе бидат наменети за закрпување на безбедносните пропусти и чистење на баговите.

Најновата 7.1.2 Nougat верзија ќе биде достапна за новите Pixel и Pixel XL, што и беше очекувано, но лоша вест за сопствениците на Nexus 6 и Nexus 9, кои нема да ја добијат, односно ќе добиваат само сигурносни надградби. Ова беше очекувано, бидејќи тие уреди веќе се прилично стари, но како и да е, добро ќе беше Google уште малку подолго да ги одржи во живот, особено што сопствениците на постарите iPhone-и се уште добиваат надградби. Оние пак кои имаат Nexus 6P и Nexus 5X ќе ја добијат оваа надградба и веројатно ќе добиваат надградби и во наредниве една до две години.

Новата верзија не носи некои особено видливи новитети. Google објави дека има голем број на исчистени багови и оптимизации, кои треба да го направат искуството уште толку помазно. Така, во апликацијата за телефон сега има “Multimedia Call”, има подобрувања во Bluetooth конекцијата, како и предупредување за прегревање на телефонот кога се користи со Daydream VR за гледање виртуелни содржини.

Оваа надградба ќе можат да ја испробаат сите кои се пријавени на бета програмата. Секако, оваа програма ја препорачувам само на корисниците кои знаат што прават, бидејќи бета верзиите имаат неколку познати проблеми кои можат да ја расипат стабилноста на вашиот уред.

Извор: ARS Technica, Techno Buffalo, BGR

Претходна статијаAMD со Ryzen ќе ги прескокнат 6 јадрените процесори
Следна статијаMicrosoft спрема Windows 10 Cloud оперативен систем, пандан на Chrome OS