Samsung

Како што и би се очекувало, новата Note20 серија дојде со понова верзија од One UI корисничкиот интерфејс од Samsung кој го надополнува Android како основа. One UI 2.5 е новата верзија и до вчера се прашувавме дали постарите телефони од компанијата ќе ја добијат оваа верзија и кога.

Почнувајќи од денес, Galaxy S20 уредите ќе почнат да добиваат надградба на One UI 2.5, додека постарите телефони ќе треба да почекаат уште малку.

Ова значи дека од денес, па во неделите што следат, може да очекувате надградба на вашиот Galaxy S20, S20+ или S20 Ultra која ќе го донесе најновото од Samsung на вашиот телефон, а со тоа и новините кои од компанијата ги презентираа со претставувањето на Note20.

Сепак, не се сите новини кои се дел од Note20 донесени и кај S20 серијата, но тоа е и очекувано, сепак мора поновите уреди да имаат повеќе предности.

One UI 2.5 кај Galaxy S20 серијата донесува неколку новини, меѓу кои:

  • Нови можности на камерата каде сега може да се избере снимање со 8K резолуција со 24fps, како и додатен формат од 21:9
  • Pro Video режимот сега овозможува избор на насоченоста на микрофонот при снимање
  • Нови можности кај Samsung Notes апликацијата
  • Можност за поврзување на Samsung DeX без кабел и на телевизор кој поддржува Miracast, со можност телефонот да се користи како „touch pad“
  • Споделување на Wi-Fi конекцијата со пријателите кои користат Galaxy смартфон

По ова, наредно што може да очекуваат корисниците до крајот на годината е надградба на Android 11 која е веќе најавена од Samsung, а S20 серијата како прилично нова, секако ќе ја добие надградбата меѓу првите.

ИЗВОРSamsung
ИЗВОР 2PCWorld
Претходна статијаНовиот изглед на Facebook на десктоп станува единствениот и официјален изглед од септември
Следна статијаСтарт на продажбата на македонскиот пазар на лаптопите од серијата MateBook на Huawei
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.