Apple

До пред некоја година за да можете да ја пробате најновата верзија од оперативните системи од Apple, моравте да чекате до нејзиното официјално пуштање за сите корисници, доколку не сте програмер кој развива на тие платформи и има платено за истото.

Одлична вест беше кога Apple ја претстави нивната Apple Beta Software Program преку која сите корисници, бесплатно, можат да ја инсталираат тест верзијата од некој од оперативните системи на компанијата.

Доколку ви се допадна новиот iOS 14 кој донесува повеќе новини, меѓу кои и „виџети“ на било кој екран, не само на посебниот дел за нив, па не сакате да чекате до есен за официјалната надградба, од оваа недела можете да ја инсталирате бета верзијата од iOS 14, а достапни се исто така и бета верзиите од iPadOS 14, како и macOS Big Sur.

Како и обично, за да инсталирате бета верзија од некој од овие оперативни системи, треба да отидете на оваа страна од Apple и да ги следите упатствата, односно да симнете една датотека по што ќе можете да го надградите вашиот систем.  

Иако бета верзиите се во многу поодмината фаза на развој и стабилност, сепак се работи за бета верзија, што значи не се препорачува да ја инсталирате на вашиот главен телефон, доколку би немале доволно време да ја вратите старата верзија при појава на проблеми, а истите се секако можни.

Претходна статијаSamsung може да престане да вклучува полнач кај одредени модели од идната година
Следна статијаСветот низ призмата на фотографии доставени до Huawei Next-Image Awards 2020: Инспирирајте се од најдобрите дела создадени од корисниците на Huawei
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.