После дури 7 бета верзии пред официјалната, Apple оваа недела ја пушти најновата верзија од iOS оперативниот систем, поточно верзијата 10.2. Сите корисници можат да ја инсталираат надградбата како што тоа досега го имаат правено, односно преку нивниот уред или преку iTunes со поврзување со нивниот компјутер.

iOS 10.2 донесува повеќе новини, се разбира не суштински кои обично ги има на неколку поголеми верзии, како и стандардните подобрувања во перформансите и исправка на багови.

Главните новини во најновата верзија од „најпопуларниот“ мобилен оперативен систем се следните:

  • Новата TV апликација која сега за сега е достапна само во САД
  • Нови emoji икони кои вклучуваат до 100 нови лица, храна, животни, спортови и професии
  • Зачувување на прилагодувањата на камерата со што се избегнува потребата да при секое стартување се користат стандардните
  • Нови позадини за сопствениците на iPhone 7 и 7 Plus
  • Исправка на баг кој ги губеше започнатите пораки во quick response при префрлување во целосната апликација
  • Надградени Photo, Music и News апликациите

Ова се само дел од новините во iOS 10.2, а доколку сакате да ја погледнете целосната и детална листа од Apple, тоа можете да го направите преку следниот линк.

Извор: Cnet, Forbes

Претходна статијаБизнисот за автономни возила на Google сега е посебна компанија наречена Waymo
Следна статијаCortana ќе биде достапна и за “Internet of Things” уредите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.