android71preview

Иако само пред некој месец беше претставена официјалната верзија на Android 7.0, новите Pixel телефони доаѓаат со поновата 7.1 верзија. Истата беше претставена со претставувањето на двата уреди, па од оваа недела на корисниците им е достапна во верзија за програмерите, односно Developer preview.

За почеток оваа верзија е достапна за сопствениците на Nexus 5X, Nexus 6P и Pixel C, а доколку на нив веќе е инсталирана постарата developer preview верзија, најновата може да се инсталира преку самиот систем.

Инаку, најновата верзија на Android донесува неколку новини во споредба со 7.0 верзија, односно:

  • Можност за правење на округли икони
  • App Shortcuts – можност која додава повеќе функции при подолго притискање на икона – како што е случајот со 3D Touch на iOS
  • Поддршка за Daydream VR платформата
  • Поддршка за GIF тастатура

Оваа верзија со тек на време ќе стане достапна за повеќето корисници, а како и обично, корисниците на уреди од другите производители ќе почекаат нешто повеќе.

Извор: Google, Android Central, TNW

Претходна статијаGoogle претстави посебна Wallpapers апликација
Следна статијаПрво видео од новата и иновативна Nintendo Switch конзола
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.