По откритието од KrebsOnSecurity дека iPhone 11 телефоните ја следат локацијата на уредот, дури и кога сите сервиси од листата за пристап до локацијата се исклучени, Apple излезе со објаснување зошто тоа се случува.

Во основа, тие објаснија дека се работи за U1 Ultra Wideband чипот кој го има во новите уреди, а кој се користи за поврзување на уредите за потребите на AirDrop функцијата. Овој чип не било дозволено да се користи секаде, па телефонот ја проверува повремено локацијата на уредот, дури и кога сите сервиси се исклучени, за да може да го исклучи овој чип ако тоа е потребно.

Проверката на локацијата сепак не се прави доколку целосно се исклучи можноста на телефонот за проверка, а од Apple истакнаа дека и кога се прави проверката за потребите на овој чип, информацијата останува на уредот, односно не се пренесува на некој нивни сервер.

Сепак, поради критиките кои ги доби, а сепак живееме во време кога се смета дека скоро ништо не е останато од приватноста на корисниците, Apple се реши да вклучи можност за исклучување на чипот од страна на корисниците, а со тоа и потреба да се следи локацијата поради него.

Можноста ќе биде дел од iOS 13.3.1 која моментално е во бета, а се очекува да им биде пуштена на корисниците наскоро. Исклучување на чипот ќе може да се направи преку Networking & Wireless делот во прилагодувањата од уредот, а неговото исклучување ќе ги исклучи и Wi-Fi и Bluetooth чиповите.

Ова во основа не ги менува многу работите, корисниците доколку сакаат да го користат својот уред нормално, ќе мора да го остават чипот вклучен.

ИЗВОРPhoneDog
Претходна статијаКако ќе изгледа работата на Surface Duo, Android телефонот од Microsoft со двоен екран
Следна статијаHuawei Y6s со поголема интелигенција и обновен дизајн почна да се продава и во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.