Како што се очекуваше, Apple денеска ја пушти најновата надградба за iOS 16, сега стигната до верзијата 16.4. Се работи за помала надградба која е пуштена два месеци после претходната, но сепак донесува неколку новини кои вреди да се истакнат.

Главната новина која би ја истакнале е можноста за вклучување на функцијата „Voice Isolation“, сега и за телефонските разговори. Оваа функција досега беше достапна за апликациите како FaceTime, WhatsApp, а сега ќе може да се користи и за обичните телефонски разговори.

Voice Isolation, како што може да се претпостави од самото име на функцијата, овозможува изолирање на гласот на корисникот, со што другата страна треба да го слуша многу подобро. Ова посебно важи кога се разговара од околина со бучава, па iOS би требало да успее да го истакне само гласот на корисникот.

Функцијата се вклучува додека трае повикот, со повлекување надолу за да се вклучи контролниот центар. Од тука се избира „Mic mode“ каде што се достапни три функции. Кога ќе се направи изборот еднаш, тој важи за сите наредни разговори, додека не се промени изборот.

iOS 16.4 донесува и можност за известувања од веб апликациите кои се прикачени на главниот екран, тука се и 21 нови „емоџи“ икони и слично.

Покрај iOS 16.4, Apple пушти надградба и за останатите оперативни системи, односно достапни се iPadOS 16.4, macOS 13.3, како и watchOS 9.4.

Новите верзии од оперативните системи може да се инсталираат како и секогаш, преку Settings и проверка за нова верзија.

Претходна статијаWindows 11 ќе овозможи поделба на „виџетите“ и листата со вести
Следна статијаОфицијално достапна за симнување Apple Music Classical апликацијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.