Фото: Shutterstock.com

Минатата недела Apple нестандардно ги пушти првите бета верзии за програмерите од iOS 18.1, iPadOS 18.1 и macOS 15.1. Со тоа ги потврди гласините дека Apple Intelligence нема да им стане достапна на корисниците со пуштањето на финалните верзии од системите и претставувањето на iPhone 16 серијата, туку неколку недели подоцна во октомври со .1 надградбите. 

Со овие верзии првпат по презентацијата во јуни ги видовме функциите кои доаѓаат со Apple Intelligence, но сепак испадна дека не сите се веднаш достапни. 

После видеа кои ги покажуваат одличните Apple Intelligence функции, Марк Гурман преку неговиот најнов неделен билтен излегува со нешто поразличен став. 

Насловот на билтенот е „Apple Intelligence има уште доста за да ја достигне маркетинг возбудата“. Кратко кажано, тој истакнува дека тоа што беше презентирано во јуни и тоа што го има тестирано преку бета верзијата за програмерите, не може баш да се спореди. 

Гурман кажува дека тоа што го има пробано и тоа што беше презентирано ја нема истата возбуда, но јас би додал дека ретко кога е така со оглед на одличните презентации по кои се познати Apple. 

Во оваа состојба, истакнува Гурман, тие се далеку од револуционерната технологија која фановите и инвеститорите се надеваат дека Apple Intelligence ќе стане. 

Гурман дополнително заклучува дека од тоа што тој досега го има видено не гледа причина зошто корисниците на iPhone 14 би ја купиле најновата серија. За потсетување, Apple Intelligence функциите ќе им бидат достапни само на корисниците на најновата серија и ланската iPhone 15 Pro. 

На крајот, а може да се сложиме со истото, досегашните Apple Intelligence функции се само одговор на револуцијата од Google, Meta, OpenAI и Microsoft, па доколку Apple сакаат да бидат лидер во оваа област, тие ќе мора да почнат да пуштаат функции кои имаат некое значење и вредност. 

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаНаредната генерација на батерии за електричните возила од Samsung најавуваат зголемување на побарувачката на овие возила
Следна статијаПовторно се најавуваат уреди на преклоп од Apple, сега дури два во 2026
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.