lollipop-phone

9 Март 2015 е датумот на кој официјално е објавено ажурирањето на последната итерација на „Android“ оперативниот систем. Целта е да се поправат повеќето од проблемите кои беа присутни на 5.0 и да се додадат повеќе функции на оперативниот систем.

Една од најбитните работи е тоа што отсега оперативниот систем ќе поддржува користење на повеќе „SIM“ картички во исто време за уреди кои имаат слотови за повеќе.

Дополнително, додадена е заштита која овозможува да го заклучите уредот во случај да е изгубен или украден со цел вашите податоци да останат заштитени. Оваа заштита останува на сила дури и ако уредот е ресетиран до фабрички статус. Единствен начин да се отклучи е преку вашата сметка од „Google“, такашто доколку никој не ја знае вашата лозинка, вашите податоци се сигурни.

До сега, на „Android“ уредите видео повиците беа со стандардна резолуција, со верзијата 5.1 тоа е веќе минато. Сега ќе можете да остварувате видео повици во висока резолуција (моментално ова функционира со „T-Mobile“ и „Verizon“) доколку вашата мрежа и интернет го поддржуваат тоа.

Со оваа верзија на оперативниот систем можете да се врзувате на безжични мрежи директно од менито „Quick Settings“, без да се отвараат дополнителни менија. Ова исто важи и за контрола на уредите кои се поврзани преку „Bluetooth“ технологијата.

Извори: Cnet, Official Android Blog

Претходна статијаMicrosoft и Apple издадоа закрпи за FREAK „бубачката“
Следна статијаGoogle Interactive Events – Апликација за учесниците на Google настаните