Фото: Shutterstock.com

Со најновата надградба од Android 14 која ја добија корисниците на Pixel уредите од Google, достапен е нов дел во About phone наречен Battery information. Во овој дел корисниците можат да видат колку циклуси на полнење имаат направено на нивниот телефон, односно на батеријата.

Како еден циклус се брои полнење од 0 до 100%, што значи дека ако батеријата не била испразнета или наполнета до крај, потребни се неколку полнења за да се достигне еден циклус.

Оваа информација е важна поради тоа што батериите, како што сигурно ви е познато, губат од својот почетен капацитет со текот на времето, па корисниците на овој начин можат да добијат претстава колку е стара нивната батерија.

Уште поважно, во кодот на бета верзијата од Android 14 е забележано дека се планира да се прикажува и „здравствената состојба“ на батеријата, односно нејзиниот проценет капацитет во проценти.

Со оваа информација корисниците би имале информација колку од капацитетот на нивната батерија е останат, па ќе знаат и зошто истата веќе не издржува во текот на денот како кога била нова.

Можноста за овие информации е нова со Android 14, поточно API алатката која е достапна и која може да ги добива информациите од батеријата.

Овој начин на добивање на оваа проценка за батеријата е и доста подобра во споредба со апликациите кои го нудат истото, па корисниците ќе можат да имаат поточна информации, која сепак во никој случај не може да биде 100% точна.

Иако оваа новина можно е да стане достапна во текот на идната година, сепак се очекува дека ќе им биде пуштена на корисниците со пуштањето на Android 15, што значи идната есен, но ќе видиме како ќе испадне во меѓувреме.

ИЗВОРSamMobile
ИЗВОР 2Android Authority
Претходна статијаQinshift Academy: Спој на доверба, квалитет и глобално влијание во ИТ и дигиталното образование
Следна статијаПретседателот Бајден не стави вето на одлуката од ITC поради која Apple не може да ги продава нивните два најнови паметни часовници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.